Општина Илинден набави две нови специјални комунални возила за собирање и транспорт на цврст комунален отпад заради обезбедување квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните и на стопанството во општината.

Возилата се со капацитет од 22 и 8 метри кубни и ќе бидат презентирани денеска во населбата Илинден.

Клучевите од специјалните возила на директорот на ЈКП „Илинден“, Сашо Саздовски, ќе му ги врачи градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.