Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник со настап на групата „Некст Тајм“

На 28.07.2019 година (недела) со почеток во 20:30 часот, во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден,  под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“, на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на општината „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Одбележувањето на Денот на општината ќе биде збогатено со настап на групата „Некст Тајм“.

-Ќе ни претставува особено задоволство ако и Вие со Вашето присуство го збогатите овој настан и сите заедно да го прославиме националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Илинден, порачуваат од општината.