Општина Центар со 705 сообраќајни незгоди во 2016 година убедливо води пред другите општини

Со убави желби и многу ветување ја испративме старата и ја дочекавме новата 2017 година. Големи очекување имаме во новата, но не смееме да заборавиме на некои важни сегменти од 2016 година, како на пример безбедноста во сообраќајот. Многу жртви ни земаа патиштата минатата година, поука треба сите да извлечеме и бидеме совесни и одговорни возачи во годината која ни престои и да учиме од грешките кои беа направени. Зад нас оставивме година која доколку ја паметиме по сообраќајните незгоди и жртвите на патиштата не би имале розови сеќавања. Во текот на изминатата година само територијата на град Скопје, се случиле 3.592 сообраќајни незгоди, а најголем број од нив биле во Општина Центар. Ние истраживме и добивме одговори во кои делови од главниот град се случуваат најголем број на сообраќајни незгоди.

Во изминатата година убедливо најмногу сообраќајни незгоди се случиле на територијата на Општина Центар каде што има и најголема фрекфенција на возила, односно се случиле 705 незгоди. Потоа следуваат Општина Карпош - 463, Гази Баба - 437, Аеродром - 376, Кисела Вода - 351, Чаир - 351 и Ѓорче Петров - 264. Дел од граѓаните за Скопјеинфо велат дека најголемиот број на сообраќајни незгоди во главниот град се случуваат заради невнимание на возачите, користење на мобилен телефон додека возат и непочитувањето на сообраќајната сигнализација.

Според информациите на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и во 2016 година познати се најчестите причини за сообраќајни незгоди. Според нивната статистика управување со моторно возило под дејство на алкохол, користењето на мобилен телефон, непочитувањето на дозволената брзина се најчестите причини за сообраќајќи на патиштата во Република Македонија.