Општина Центар наполни 41 година

Четириесет и првиот роденден на општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ, го прослави во дворот на општината, заедно со вработените, со жителите на Центар, со актуелните и поранешни советници, претставници на политички партии и медиумите.

Честитајќи им го денот на општината, Богдановиќ посочи дека она што е ветено во кампањата, веќе почнува да се реализира, а за 4 години, на 45-годишниот јубилеј, општината ќе биде поубава, посредена, така како што сакаат центарци.

– Јас и мојот тим секогаш ќе бидеме отворени за вас, граѓаните. За вашите предлози и идеи како да го направиме Центар најубаво место за живеење. Заеднички ќе ги решаваме сите проблеми, ќе ставиме крај на урбанистичкото дивеење, ќе ги ослободиме тротоарите и ќе воведеме режим на смирен сообраќај, за да биде движењето побезбедно и ќе направиме се што е во наша моќ да го намалиме загадувањето. Центар ќе добие нова градинка во Маџир Маало и ќе го завршиме новото училиште во Капиштец“, рече Богдановиќ.