Општина Центар ја започна акцијата за стерилизација на бездомните животни

ЈП Паркинзи на Општина Центар денеска официјално ја започна акцијата за стерилизација на бездомните животни на територија на Општина Центар „Центар на 4 нозе“.

Директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ заедно со Татјана, хуман жител од населбата Капиштец, го однесоа првото бездомно куче од Општина Центар на стерилизација во ветеринарната амбуланта. На малата Малена и беше направена хируршка интервенција на јајниците, јајоводите и матката.

- Со стерилизација животните живеат подолг и поздрав живот. Стерилизираните живтни имаат смирен хормонален статус и не се здружуваат во глутници, се намалува нивното размножување и се намалува бројката на луѓе на кои им пречат животните.

Со оваа хуманитарна акција сите заедно можеме да ја подигнеме свеста и да го спречиме неконтролираното размножување на бездомните животни во Општина Центар - изјави Богдановиќ.

Во наредниот период ЈП Паркинзи на Општина Центар и здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ ќе продолжат со организирање на хуманитарни настани кои се предвидени во рамки на оваа акција сé со цел да се намали бројката несреќни, гладни, болни, тепани и убивани животни на улиците во Општина Центар.

 

Извор: плусинфо.мк