Општина Центар: Исечените Јапонски цреши ќе бидат заменети со нови

Општина Центар информираше дека ЈП „Паркови и Зеленило“, на барање на општината, вчера и денес извршиле интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“.

Се работи за отстранување на стари и болни дрва од видот Јапонска цреша. Јапонската цреша е дрво по кое е и самата улица „Максим Горки“ препознатлива и карактеристична, се вели во соопштението од општината.

 На местото на отстранетите стари и болни дрва во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрва од истиот вид, Јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk) on