Општина Центар и неколку скопски села утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Столе Попов“, „Пролет“ и „Страшо Пинџур“ во општина Центар утре од 9 до 17 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од  7:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и кориниците од улица „1“ во Ново Село, од 9 до 12 часот дел од корисниците од село Бањани, а од 9 до 14 часот корисниците од улицата „Хаџи Трајко“ во Горно Лисиче.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување закажани технички зафати во мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.