Општина Центар го комплетираше паркот на улица „Загребска“ (фото)

Општина Центар за жителите од улица „Загребска“ и околината направи нов простор за одмор, релаксација, маалска дружба и детска игра.

На средбите што градоначалникот Андреј Жерновски ги имаше со жителите од овој реон, беше договорено да се постави ново детско игралиште на локацијата позната како "КТК".

Игралиштето е изработено од дрво со убави бои, а ќе се постават и клупи за седење.

Со новото игралиште се комплетираше парковската површина, која Општина Центар ја уреди хортикултурно.

На некогаш запуштениот простор, обраснат, со суво дрво надвиснато над некогашното игралиште и опасно за децата, граѓаните добија убав парк на површина од 640 m2 . Над 400 зимзелени и листопадни садници, како и богатиот цветен насад со колоритните бои, ја разубавуваат околината.

Вграден е и автоматски систем за полевање.