Општина Центар ги санира ударните дупки

Општина Центар ги сервисира ударните дупки на улиците на нејзината територија. Оваа акција, велат од Општината, следува по пријави и укажување на граѓаните.


„Санирани се дупките на улиците „Димитрие Туцовиќ“ и „Ленинова“ („Аминта 3-ти“) во Дебар Маало, а иста е и ситуацијата со оштетувањата на улицата „50-та Дивизија“ на Водно, во близина на Клиничкиот Центар.


Акцијата за сервисирање продолжува и во наредниот период со улиците „Капиштец“, „Димитар Пандилов“, „Ѓуро Ѓоновиќ“ и улицата „Караорман“, соопштуваат од Општина Центар.

Оттаму апелираат до жителите на Центар да пријават оштетувања, за да можат службите веднаш да интервенираат.