Општина Центар ги награди најдобрите наставници и ученици од сите општински училишта

Во рамките на манифестацијата „Академско пладне“, во ООУ „Димитар Миладинов“, Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ги додели наградите за најдобри наставници од одделенска и предметна настава, како и наградите за најдобрите ученици, по еден првенец на генерација од секоеопштинско училиште.

Наградите кои Општина Центар традиционално ги доделува секоја година се доделуваат согласно претходно утврдени критериуми кои ги потврдуваат стручни комисии од секое училиште, а наградниот фонд предвидува еднократна парична награда во висина од 24.000 денари за наставниците и 15.000 денари за првенците на генерација.

„Наставниците кои денеска ги наградуваме покажале исклучителни резултати во својата работа, но и во односот со децата со кои секојдневно работат. Наградите се заслуга за нив, но и признание за целиот наставнички кадар, кој успешно се справува со предизвиците кои ги носат промените во образовниот процес, но и секоја нова генерација која доаѓа. На оваа манифестација ги наградуваме и најдобрите ученици – првенци на генерација. Упатувам посебни честитки до нив. Овие ученици во изминатите девет години од нивното школување покажале врвни резултати и го оствариле највисокиот просек, завршувајќи го основното образование како првенци на својата генерација. Освен тоа, овие ученици учествувале и на бројни општински и државни натпревари и покажале одлични резултати. Тие се вистински пример, дека со труд и работа ништо не е невозможно. „ – изјави Градоначалникот Саша Богдановиќ на свеченото доделување на наградите.

Наградите за наставниците од одделенска и предметна настава се потврда за нивната посветеност, квалитетна настава и успешна реализација на целокупниот воспитно-образовен процес. 

Оваа година, седумте најдобри одделенски наставници се: Десанка Спировскаод OOУ „ Гоце Делчев“,Сандра Здравевска од ООУ„Димитар Миладинов, Сузана Петрова од ООУ„Коле Неделковски“,Евдокија Петрушевска од ООУ„Ј. Х. Песталоци“,Анета Мицковскаод ООУ„Св.Кирил и Методиј“,Билјана Денкова од ООУ„Кочо Рацин“ и Елеонора Димитриовска од ООУ„11Октомври“.

Наградени наставници од предметна настава се:Елизабета Глишиќ од ООУ„ГоцеДелчев“,Анета Гоцева од ООУ„Димитар Миладинов, Лилјана Савиќ од ООУ „Коле Неделковски“,Васил Чочов од ООУ„Ј. Х. Песталоци“,Павлинка Цонева од ООУ„Св.Кирил и Методиј“,Весна Бојаџиева од ООУ„Кочо Рацин“ и Лепа Димовска од ООУ„11Октомври“.

Наградите за првенците на својата генерација имаат за цел да ги мотивираат учениците да го следат патот на своите соученици кои веруваат дека доброто образование и успех се единствен начин за оставрување на идни професионални цели.

Наградени ученици, првенци на генерација се: Ева Ставрева од ООУ„ГоцеДелчев“,Давид Тануровски од ООУ„Димитар Миладинов, Миа Чичкариќ од ООУ„Коле Неделковски“,Марија Петрова од ООУ„Ј. Х. Песталоци“,Наталија Димчовска од ООУ„Св.Кирил и Методиј“,Ана Бошнаковска од ООУ„Кочо Рацин“ и Сандра Недановска од ООУ„11Октомври“.