Општина Центар додели пофалници и за најдобрите основци и наставници

Општина Центар, откако претходно подели признанија на најдобрите негувателки од градинките, награди и пофалници овој пат додели на 8 ученици од основните училишта на територијата на општината, како и на 14 најдобри одделенски наставници. Осум ученици добија признанија за првенци на својата генерација, додека 14 професори за своите заслуги и посветено работење. Наградите беа доделени според комисија формирана во секое училиште одделно, генералниот успех, посветеноста и освоените награди на други натпревари.

Манифестација од ваков вид се одржува по трет пат, а овој пат домаќин на доделувањето беше ОУ „Јохан Хајнирх Песталоци“. Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, ја искористи приликата да напомене дека вложувањето во образованието е најважно и дека утре оваа инвестиција ќе ни се врати десеткратно. Доделувањето на вакви признанија дополнително ги мотивира учениците да постигнуваат успеси и да бидат посветени.