Општина Центар денеска продолжи со акцијата за уривање на дивите тераси на кафулињата

И денеска продолжува акцијата на Општина Центар  за уривање на дивите тераси на кафулињата. Во тек се активности за отстранување на терасите на улицата Ленинова. 

Дел од сопствениците на кафулињата вчера најавија дека сами ќе ги урнат терасите, но до утрово тоа не го сториле, па затоа на терен повторно изглегла полицијата заедно со работниците. 

-Се што е нелегално ќе биде отстрането, велат од Општината.