Општина Бутел отвори дежурен контакт телефон за пријавување загадувачи на чистиот воздух

Проектот ” Сакам да дишам чист воздух ” на општина Бутел e дел од заложбата на локалната самоуправа за здрава животна средина.

– Преку активна кампања, ги охрабруваме граѓаните да земат учество против загадувачите на територија на Општина Бутел, секој работен ден од 08 – 22 часот со пријавување на дежурниот телефонски број 077/579-037 – истакнуваат од општина Бутел.