Да прославиме 14 години постоење на Општина Аеродром!
Да бидеме хумани! На поставените пунктови да ја изразиме нашата човечност, од срце, со љубов. Да им помогнеме на најзагрозените и да им ја вратиме насмевката! НЕ МИСЛИ, ДЕЈСТВУВАЈ!
Со детска песна, смеа и програма подготвена од најмладите ‒ од училиштата и градинките! А од 20:30 часот следува ноќ за паметење ‒ рокенрол-забава со НОКАУТ. Во 22 часот безвремнските хитови на единствената ЈУ-група ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ!
Ве очекуваме на 13 април (сабота) во паркот „Авион“ под отворено небо, од 12:30 часот!