Општина Аеродром има сознание за поставување отров и други опасни материи на јавни површини.


Доколку најдете супстанца за која сметате дека е опасна пријавете директно во полициската станица „Аеродром “ на телефонскиот број 02/2432 362, или на дежурниот телефон на Општина Аеродром 075 316 515 од 08:30 до 22:00 часот, по што нашите инспекциски служби ќе остварат контакт со локалната полициска станица. Во двата случаи, исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица или Општината. Во спротивно нема да може да се отвори истрага.

Општина Аеродром иницира акција за собирање на бездомни кучиња на локации каде што е потребно, во соработка со невладиниот сектор, граѓански активисти и стационарот Вардариште. Исто така работиме во насока на трајно решение, односно згрижување и хуман третман на уличните животни.

Во меѓувреме воспоставуваме и систем за континуирана контрола на бездомните животни на целата територија на Општината, повторно во соработка со невладиниот сектор и граѓански активисти.

Апелираме до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини. Тие претставуваат опасност за домашните миленици, уличните животни и децата кои играат во парковите.