Општина Аеродром ќе субвенционира дел од топлиот оброк на учениците

Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука да се субвенционира дел од топлиот оброк на учениците во основните училишта на нејзината територија.

Со оваа одлука, семејствата што имаат ученици во дневен престој или во целодневна настава ќе добиваат по 500 денари месечно, со цел да им се намалат трошоците за исхрана на родителите.

За таа намена, Општината ќе спроведе јавен повик на кој ќе може да учествуваат сите родители чии деца користат топол оброк во училиштата. Средствата за оваа намена се обезбедени во буџетот на Општина Аеродром за 2020 година.