Општина Аеродром ќе собира опасен отпад!

Скопската Општина Аеродром овој викенд, во сабота ќе организира еколошка акција на собирање на потенцијално опасен отпад.

За реализација на акцијата ќе им помогне копанијата „Нула отпад“, која ќе го собере електронскиот и електричниот отпад од населбите Острово и Мичурин. Граѓаните ќе можат да се ослободат од опасниот отпад од своите домаќинства и да го предадат за рециклирање. 

Под ваков вид на отпад влегуваат електронски уреди како статични компјутери и делови за нив како, тастатури, глувчиња, стари звучници, кабли, фиксни и мобилни телефони, монитори, телевизори, дигитални камери или видео камери, скенери, принетри. Покрај уреди од технологија домаќинствата можат да се ослободат и од застарената и неупотреблива бела техника, грејни тела или други апарати од домаќинството. 

Од општината ја користат приликата да упатат јавен повик до домаќинствата од двете наведени локации, да ја искористат шансата да се ослободат од ваков отпад и да придонесат за зачуввување на животната средина.