Општина Аеродром апелира до граѓаните да не ги паркираат своите возила на зелените површини, со што се уништува блоковското зеленило, а многу често се оштетуваат и дрвјата што неодамна беа насадени.

До Општина Аеродром стигнуваат поплаки проследени со фотографии, на кои се гледа како несовесни граѓани ги паркираат своите возила на тревници и на површини со хортикултурно уредување, а не ретко и со искршени дрвца.

-Комуналните служби на Општина Аеродром и Град Скопје секојдневно работат на одржување и разубавување на зелените површини и големиот број паркови, кои се заштитен знак на нашата Општина, велат од Општина Аеродром.