Опожарено возило во Скопје

Возило „Голф 5“ со скопски таблички ноќеска е опожарено на улицата „Среќко Пужаљка“ во Скопје. Нема поврдени лица и не е предизвикана материјална штета на околните возила и објекти.

Возилото е сопственост на З.Б. (31), кој околу еден часот по полноќ го паркирал автомобилот, а околу 02:40 часот бил известен од соседите дека возилото му е опожарено. Околу 3 часот пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Од пожарот целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а оштетен е и дел од внатрешноста.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.