Синоќа биле опожарени возилата на пејачките Ребека и Сузана Турунџиева.
Како што објавува „Досие.мк“ прво изгорел Мини куперот на Турунџиева а до него било паркирано и возилото на Ребека.
Инцидентот се случил во три часот на паркингот пред трговскиот центар ТЦЦ Плаза кадешто биле паркирани возилата.
Најпрво бил запален автомобилот „мини купер“ во сопственост на Турунџиева, а пожарот го зафатил и автомобилот „шевролет орландо“, во сопственост на Ребека Јанковска.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Засега нема официјални информации дали пожарот е подметнат и какви се мотивите.