Опожарени седум контејнери и дел од кабли за струја во Центар

На улицата„Алберт Ајнштајн“ во Скопје биле опожарени седум контејнери и дел од кабли за струја.Како што информираат од МВР, случајот бил пријавен вчера околу 18 часот.

Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.