Опожарени две возила на паркиг во Ѓорче Петров

Два автомобила се опожарени ноќеска во Скопје на паркинг на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска околу еден часот по полноќ од засега непознати причини е опожарено и целосно изгорело патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т.(38) од Скопје,  а делумно е опожарено и патничко моторно возило „Даеву Матиз“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Н.С.(35) од Скопје,што било паркирано до „опел-от“.

Од страна на екипа од Противпожарна единица пожарот е изгаснат, а увид ќе се врши во текот на денот.