Опожарена фурната и семејната куќа на Владо Мисајловски (фото)

Утринава во 9 часот изутринава избувна пожар во пекарата „Кендо“ во населбата ѓорче Петров.

Огнот од пекарата го зафатил и покривот на куќата. Неофицијално соседите велат дека пожарот избил од оџакот кој се запалил рано утринава.Семејната куќа и пекарата се на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров Владо Мисајловски.

Се уште не се познати причините за пожарот. Надлежните се на терен. За среќа, никој од семејството Мисјаловски не е повреден. Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе пожарникарски возила и пожарникари – еден од пожарникарите е повреден.