Оперска пејачка од Италија: На пазар во Ѓорче, толку многу пиперки со чуден вкус и форма

Федерика Ди Трапани е оперска пејачка од Италија која живее во Валенсија, Шпанија. Изминатите неколку денови таа беше во Скопје и на социјалните мрежи го сподели туристичкото искуство од главниот град.

На инстаграм објави фотографии од Козјак, Милнеимскиот крст, објави како пие кафе, но и како пазари на пазарот во Ѓорче Петров. Под фотографиите од оваа скопска населба, таа напиша: Случаен пазар, но изенадена од количина на пиперки - најважната состојка за Македонците. Комплетно различен вкус и форма.