Операта „Набуко“ вечерва на сцената на МОБ

Македонската опера и балет вечерва на репертоарот ја има „Набуко“ од Џузепе Верди.

„Набуко“ е опера во четири чина од Џузепе Верди.

Ерусалим и Вавилон, 587 година пред н.е. Вавилонските сили напредуваат кон Ерусалим. Но Евреите се закануваат дека доколку нападот продолжи, ќе ја убијат Фенена една од ќерките на Набуко. Исмаел, еврејски благородник и капетан, тајно е вљубен во Фенена и кога Захарие се обидува да ја убие тој ја спасува. Исмаел ја ослободува Фенена, а Вавилонците го уништуваат Ерусалим.

Во отсуство на Набуко, Абигаиле (незаконска ќерка на Набуко – вљубена во Исмаел) планира да го превземе престолот.. Набуко кој привремено е онеспосопбен од удар на гром, доаѓа на себе, се враќа во Вавилон и повторно ја превзема власта. Абигаиле умира, а Захарие го прогласува Набуко за крал на кралевите.

Диригент е Иван Еминовиќ, режија Огњан Драганов (Бугарија), Сценограф: Живојин Трајановиќ, Костимограф: Тања Медарова-Стојановска.
Настапуваат: Набуко- Ристе Велков, Абигаиле- Павлина Новакова-Георгиев, Фенена- Ирена Кавкалевска,
Исмаил- Зоран Сотиров, Захарие-Иван Томашев (Србија), Големиот свештеник- Диме Петров, Ана-Марија Наумовска и Абдало- Зоран Даскаловски.