Некои луѓе го пијат кафето превриено, без кајмак, а некои пак, знаат да го заборават и да им преврие. Некои прво ја превриваат водата, па ставаат кафе, а други кафето и водата ги варат заедно. Сеедно какво кафе пиете и акко го приготвувате, многу е важно да внимавате да не го превриете, зашто тоа е всушност многу штетно.
Кога ќе се остави водата подолго да врие или ќе се преврие повеќепати, се менуваат нејзините хемиски својства – на полошо. Наместо да се ослободат штетните состојки што ќе ги наброиме, со превривањето само се зголемува нивната концентрација. Дури и здравите минерали на овој начин стануваат штетни, како калциумот кој се таложи како каменец во телото кога ваквата вода се консумира почесто.
Арсен – Светската здравствена организација тврди дека најголема опасност за водата за пиење е токму арсенот, кој доведува до труење, проблеми со органите за варење, невропатија, кардиоваскуларни болести, лезии на кожата или дури рак.
Нитрати – Високата температура ги превора во нитросамин, кој е канцероген, а погубен е за јајчниците, цревата, мочниот меур, панкреасот, стомакот, предизвикува леукемија…
Флуорид – Некои научни истражувања потврдуваат дека флуоридите влијаат на намалување на невролошките и когнитивните фукнкции, намалување на плодноста и на коефициентот на интелигенција кај децата.