Оноре де Балзак: Жената го познава лицето на саканиот човек, како што морнарот го познава отвореното море

Оноре де Балзак е познат француски романописец, еден од креаторите на реализмот. Тој пишувал за љубовта, жените и животот, а бил во состојба да пишува дури и 16 часа без престан. Го сакал кафето, бидејќи го држело буден, а во текот на денот пиел и повеќе од 20 шолјички од овој напиток.

Ова се неговите најпознати мисли.

Неможноста да направи љубовница од својата жена ја покажува само инфериорноста на мажот. Тој треба да биде способен да ги пронајде сите жени во една жена.

Жената која му се смее на својот сопруг не може веќе да го сака.

Жената го познава лицето на саканиот човек, како што морнарот го познава отвореното море.

Мажите губат ако не победат. Жените победуваат ако не изгубат ништо.

Најдобриот брак би бил меѓу слепа жена и глув маж.

Архитектите своите грешки ги поправаат со мермер, лекарите со земја, а жените со деколте.

Брачната врска е највисока школа на алтруизам.

Кога жените сакаат, простуваат многу нешта, дури и најголемите зла. Кога не сакаат, не простуваат ништо, дури ни најдобрите страни.

Луѓето ги преувеличуваат и среќата и не среќата: никогаш не сме толку среќни или несреќни колку што мислиме.

Кој бара одликување, не го ни заслужил. Кој го заслужил, нему не му е ни потребно.

Љубовта е страст која не познава ниту минато ниту иднина.

Колку повеќе судиме, толку помалку можеме да сакаме.