Она је лепша од ночи,
њен мирис у коси,
до неба ме носиииии
и заносиииии.
..... Младите со кренати раце, чашка алкохол и цигара се развеселуваат...се чини без овие стихови не поминува ни една забава и свадба. Покрај возрасните, малите деца наизуст ги пеат стиховите во кои се промовира љубовно страдање, алкохол....

Зошто младите сè почесто одат на Секи, Цеци, Матиќи и другите олицетворенија на културната Пинк шљам-кич-шунд деградација? Музиката не претставува само избор, музиката е олицетворување на денешнината и на сè околу нас, и ја отсликува моменталната слика и прилика на еден просечен млад човек. 

-Не знам стварно како може некој да го слуша и што гледаат во тие песни. За расположение има и друг вид на музика која може да го постигне тоа а сите слушаат турбофолк. Многу жално е што веќе овој тип се распространил и ги заробил и помладите и постарите.Стварно мислам дека е дури загрижувачко. Каде и да има забава турбофолк се пушта, од секаде се слуша и веќе нема место каде би можело да се помине убаво.. Тоа е мое мислење.. јас не можам навистина да ги поднесам овие песни и не можам да си поминам веќе никаде убаво зошто не можам да се опуштам во такви песни и да можам да се расположам, вели Магдалена од Тафталиџе.

Tурбофолкот повикува на едно штетно бунтовништво, мечтаење за брзо богатење и уживање без одговорности, односно им штети на процесите што младите ги учат - да се развиваат со работа, труд, едуцирање...

-Секој треба да го слуша она што го сака. Во крајна линија, секој има свој вкус и секој различно се чувствува во различни пригоди.Јас кога одам на некоја прослава овој тип на музика ме расположува.Дома исто така со мојата фамилија слушаме турбофолк.Поголемиот син си слуша рок, додека помалиот ги обожава песните на Лукас и на пејачите од Гранд, вели Јане од Радишани.

На сите телевизии во најголем дел од термините даваат српски шоуа, песни, спотови, нема рамнотежа, туку просто доминира одреден жанр.Денешната појава на прекумерна застапеност на турбофолкот како дел од културното секојдневие, а особено потпевнувањето на турбофолк-песни знак дека културниот амбиент во македонското општество е во поголема криза.