Омега 3 масните киселини се многу важни за различни функции во нашето тело.
Редовното земање придонесува кон: релаксација и контракција на мускулите, правилно варење, плодност, раст на клетките и помош на движењето на калциумот и другите супстанци низ нашето тело.
Иако често се земаат како суплементи, тие можат да се најдат во одредени видови храна, како што е морската риба, оревите, маслата од зеленчук и авокадото.
Многу истражувања посочуваат дека редовното земање омега 3 носи многу бенефити за нашето здравје.
Здраво срце
Многу истражувања покажуваат дека редовното земање омега 3 придонесува за намалување на лошиот холестерол и го намалува крвниот притисок, но го намалува и прогресот на артеросклерозата и го намалува ризикот од срцев удар.
Ревматски артритис
Редовното земање на овој суплемент придонесува за намалување на утринската вкочанетост и може да биде клучно во лечењето на ревматскиот артритис.
Освен тоа, многу истражувања докажуваат дека омега 3 масните киселини придонесуваат и кон подобрување на состојбите поврзани со : астма, деменција, дијабетес, лупус, остеопороза, а можат да го намалат ризикот од одредени видови рак како што е ракот на дојката и простатата.
Сепак, иако се сметаат за безбеден додаток во исхраната, сепак во одредени случаи тие можат да ги предизвикаат и следните симптоми: дијареа, проблеми со варењето на храната, подуеност на стомакот. Затоа треба да се биде внимателен и да се земаат во консултација со лекар.