Омажи се за мажот кој ќе биде најдобар татко на твоите деца

Елизабет Тенети, сопруга и мајка на три деца, по 14 заеднички години со својот сопруг, напишала едно отворено писмо во кое наведува зошто се омажила за својот сопруг и каков треба да биде мажот со кој жената ќе биде среќна во бракот.

„Дозволи ми да бидам искрена: првото нешто што ми падна во очи кај мојот иден сопруг беше тоа дека е ЗГОДЕН. Кога стапивме во брак, размислував за тоа колку е духовит. Колку ме поддржуваше во мојот професионален живот. Како нашиот заеднички живот ќе биде вистинска авантура. Да, тоа се многу важни работи. Но, по толку многу години, открив уште многу други причини поради кои сум сѐ уште омажена за него.

Освен тоа, ова се работите кои требаше да си ги кажам сама на себе уште кога бев заљубена и се надевав дека ќе ме запроси.

Омажи за овој маж:

Омажи се за човекот кој во декември ќе доручкува надвор, затоа што твоите утрински мачнини се толку силни што дури и самата глетка на храна ти прави мачнини.

Омажи се за човекот кој нема да го промени каналот на ТВ додека трае емисијата која ја обожаваш.

Омажи се за човекот кој ќе остави сѐ само за да ѝ донесе благо на жена му во осмиот месец од бременоста, откако му напишала порака: „Итно е!“.

Омажи се за маж кој ќе знае како да те утеши за време на најмрачните моменти иако можеби не ти кажал ниту збор.

Омажи се за маж кој ќе ти ги избричи нозете затоа што ти не можеш да го направиш тоа сама после царскиот рез.

Омажи се за маж кој ќе ти каже дека си кралица баш кога највеќе ти треба да го чуеш тоа.

Омажи се за маж кој ќе ти донесе кафе во кревет.

Омажи се за маж на кој нема да му биде тешко да работи тешки работи за да заработи за својот дом.

Омажи се за маж кој ќе те види у тренерки, а сепак ќе мисли дека си секси.

Омажи се за маж кој и најобично купување намирници знае да направи да изгледа како забавна авантура.

Омажи се за маж кој ќе знае кога ти е потребна пауза и ќе ти даде уште еден час, ден, недела без да ти набива грижа на совест.

Омажи се за маж кој ќе ти каже дека се однесуваш сосема лудо (кога, реално, навистина делуваш малку лудо).

Омажи се маж коj кога ќе го види тоа мало, неверојатно човече кое сте го создале заедно, со насмевка ќе ти каже: „Ајде да направиме уште едно“.

Омажи се за маж кој секогаш ќе го става вашето мало семејство на прво место.

Омажи се за маж кој ќе се радува на твојата кариера и ќе биде твој најгорд навивач.

Омажи се за тој маж.