Околу 150 килограми дрога пронајдени во Арачиново

Различни пакувања со околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги се пронајдени вчера при претрес на домовите и други простории кај две лица во Арачиново.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија и  врз основа на издадена наредба за претрес. Спроведен е во координација на ОЈО Скопје со Единицата за недозволена трговија и Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

По наредба на надлежен јавен обвинител, пронајдените материи се предадени на вештачење на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР.​