Охрид, Хрватска, Италија - еве каде ќе летуваат македонските политичари

Охрид, Хрватска, Италија се само дел од дестинациите каде летово ќе патуваат за да ги наполнат батериите македонските политичари. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе користи неколкудневен одмор со неговото семејство во Август во Хрватска, пишува Точка.

За разлика од него, министерот за Информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ќе се одмара со семејството на плажите во Италија.

Министерката за правда Рената Десковска нема да излезе од границите на Македонија бидејќи летово ќе го помине на плажите во Охрид.

Претходно и Заев најави дека планира одмор со семејството, најверојатно во Грција, иако сеуште немаат официјално одлучено.