Огромната депонија во Горно Лисиче заминува во историјата - Ќе остане ли таму?

Општината Аеродром ги започна активностите за расчистување на огромната дива депонија создадена кај стадионот во населбата Горно Лисиче. Акцијата се реализира во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Екипи на претпријатието со тешка механизација го расчистуваат теренот од купиштата насобран шут.

Надлежните сметаат дека за целосно расчистување на теренот ќе бидат потребни неколку дена, а предвидувањата се дека ќе бидат собрани околу 1.500 кубни метри отпад. Од општината Аеродром упатуваат апел до граѓаните совесно и правилно да го фрлаат отпадот, за да се спречи создавање нови диви депонии.

– Во наредниот период ќе се засили инспекцискиот надзор, како и казнувањето за фрлање отпад, палење пластика, железо и слично. Заштитата на животната средина зависи од сите нас и само со совесно и одговорно однесување ќе му дадеме почист лик на Аеродром – велат од општината.