Огревно дрво за семејства во социјален ризик во Кисела Вода

Семејства во социјален ризик на територија на општина Кисела Вода во наредните 10 дена ќе добијат по два кубни метри огревно дрво кое ги доделува Општината.

Општина Кисела Вода соопштува дека огревни дрва ќе добијат лицата  кои аплицирале и ги исполниле критериумите на огласот распишан од страна на оваа локална самоуправа.

Одлуката за доделување огревно дрво на најранливите категории на жители, е донесена на седница на Советот на Општина Кисела Вода, поддржана од страна на градоначалникот Филип Темелковски. За тоа беа обезбедени средства од буџетот на Општината.