Ограбено казино во Скопје

Вистински хорор се случил вчера во казиното на булевар „ Партизански Одреди“.

Како што информираат од МВР, вчера во 08.50 часот во полиција  било пријавено дека во Скопје, во казино на бул.„Партизански Одреди“ непознат сторител извршил разбојништво над вработените. Сторителот со закана со пиштол од вработените одзел околу 30.000 денари, по што побегнал во непознат правец.  

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.