Ограбени вагони во Трубарево, украдени вредни уреди за прикачување и метални столбови

Тешка кражба вчера околу 13.00 часот, пријавил 46- годишниот С.О, вработен  во  „Македонски Железници“.

Имено во периодот од 31.12.2017 година до 02.01.2018 година од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба од девет вагони лоцирани во објект на Македонски железници во село Трубарево, скопско.

Од МВР известуваат дека сторителот одзел десет уреди за прикачување и 18 метални столбови при што се стекнал со противправна имотна корист од околу  580.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.