Ограбени сефови во Шпаркасе банка

Петмина граѓани пријавиле во СВР Скопје дека им недостасуваат пари и предмети кои ги чувале во сефови во објект на Шпаркасе банка во Скопје.

Од полицијата информираат дека веднаш по добиената пријава известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Во интерес на истрагата повеќе детали не се откриваат.