Ограбени млади момчиња во близина на трговскиот центар Лептокарија

Доцна синоќа 20 - годишно момче пријавило грабеж во близина на трговскиот центар Лептокарија.

Синоќа во 00 часот и 10 минути во СВР-Скопје, 20- годишниот Б.С од село Галате-гостиварско, пријавил дека на 16.10.2017 година околу 23 часот и 25 минути на булевар „Партизански Одреди“, на паркинг просторот кај Трговски центар-Лептокарија, додека бил со неговиот другар 20- годишен Т.Б од село Галате, од страна на три непознати лица им било извршено разбојништво.

Во извештајот од полиција се вели дека, откако лицата им се доближиле, им побарале пари заканувајќи им се дека физички ќе ги нападнат. Тогаш оштетените од паричниците извадиле и им дале 2.000 денари по што лицата веднаш го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.