Ограбени две обложувалници во Скопје

Две обложувалници во Скопје се ограбени во текот на вчерашниот ден.

Првата кражба се случила во 20.20 часот во спортска обложувачница „Златна копачка“ лоцирана на улица Јужноморавски бригади во населба Ченто. Двајца разбојници со закана со пиштол од вработениот украле дел од прометот, по што избегале кон улица Маџари.

Втората кражба се случила околу 23.40 часот на улица Лондонска во спортска обложувачница „Спорт лајф“. Непознато лице извршило разбојништво над вработениот при што украло околу 30.000 денари.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.