Ограбена продавница на бул.„Борис Трајковски“

На 11.09.2019 во 03.59 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на бул.„Борис Трајковски“ едно лице со закана одзело пари од вработената. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.