Ограбен вработен во казино

Од вработен во казино се украдени пари, а случајот е пријавен во СВР Скопје вчера утро во 8:45 часот.

Настанот се случил на булеварот АВНОЈ во скопската населба Аеродром пред канцеларија на група казина. Две лица, од кои едниот имал пиштол, физички го нападнале и извршиле разбојништво над М.Ц.(57), вработен во казино, и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.