Во периодот од 30.08 до 12.09 на улицата „Њуделхиска“ во Скопје, во станот на 42-годишниот Д.Д. непознат сторител извршил тешка кражба. 

Крадецот со употреба на тврд предмет насилно ја отворил балконската врата, влегол внатре, извршил пребарување по собите и одзел еден пиштол марка „ЦЗ“ калибар 7,65 мм и златен накит. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.