Ограбен маркет во Ѓорче Петров, полицијата го пронашла сторителот

Министерството за внатрешни работи информира дека во 09 часот во СВР Скопје, вработена во маркет на улица „Ѓорче Петров“ пријавила дека непознат сторител извршил разбојничка кражба во маркетот.

По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле и привеле сторителот и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.