Ограбен малолетник на „Рекорд“

Од полицијата соопштуваат дека вчера во 19.20 часот во Скопје на улица Димитрије Чуповски, поточно во близина на автобуската постојка „Рекорд“, три машки лица извршиле разбојништво над 16-годишен малолетник.

Тие разбојништвото го извршиле така што на малолетникот му се доближиле и му побарале пари, а кога одговорил дека нема, тие му го зеле мобилниот телефон и побегнале во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.