Огласи за вработување во Водовод, ПИОМ, Ронтис и Лотарија

Оглас за вработување во Водовод

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односипречистен текст („Сл. Весник на РМ” бр. 167/2015 год. Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје објавува ЈАВЕН ОГЛАС за прием на работник на неопределено време

Се распишува јавен оглас за засновање на работен однос на неопределено време за следното работно место:

1. Самостоен инженер – 1 извршител
– со завршено високо образование: BCC VII степен машински или електро факултет и 2 години работно искуство

Потребни документи:
Пријава (Молба)
Диплома за завршено образование
Кратка биографија
Уверение за државјанство

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:

1 Дневно работно време од 07 3015:30 часот.
2. Неделно работно време 40 работни часа (од понеделник до петок).
3. Основната плата изнесува: За работно место: Самостоен инженер: 26. 423, 00 денари

Јавниот огласот трае 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето во дневниот печат. Изборот ќе се изврши во рок од 15 (петнаесет) дена од завршувањето на огласот. Ненавремена, некомплетна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување.

Пријавите со потребната документација, кандидатите е потребно да ги достават до ЈП Водовод и канализацијаСкопје, на адреса ул. „Гуро Стругар” бр. 5, зграда на „Технометал Вардар” АД Скопје, во архива на приземје.
Телефон за контакт 02/30 73 010 лок. 355; контакт лице: Евангелија С. Стојевска;

Активен до: 04.10.2016

Оглас за две работни места во ПИОМ

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 90/15), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14 и 27/16) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 34/2016
за вработување на 2 јавни службеници од група I, подгрупа II во Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија за следните работни места

ФПО0102В01004 Советник лекар специјалист, Комисија за оцена на работна способност, Сектор за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување(2) извршител(и)

Општи услови
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место

Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Фундаментални медицински науки/Клиничка медицина
– најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување

Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АLТЕ на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат. познавањето на англиски јазик може да се докаже и со приложување на меѓународно признатиот сертификат по НАТО стандардот STANAG 6001 на соодветното ниво, при што административните службеници од категорија В треба да поседуваат сертификат со STANAG 1+1+1+1+

Распоред на работно време
– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 08:30 до 16:30
– Опис за работното време

Паричен нето износ на плата: 29.530,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2016 год. се : Македонец(ка) 2.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 денови, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.
Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.
Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.
Фаза 4 – Тест на личност се спроведува во рок од 15 дена од завршување на фаза 3.

НАПОМЕНА:
Лицата кои дале лажни податоци се запишуваат во Регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор. Истите не можат да се вработат во јавен сектор во период од десет години од денот на утврдувањето дека доказот е лажен.

Краен рок 12.10.2016

Продолжува на наредната страна....

 

Швајцарската компанија Ронтис вработува 40 лица

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

40 (ЧЕТИРИЕСЕТ) ОПЕРАТОРИ
ВО ПРОИЗВОДСТВО

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:
– ссс
– Со или без работно искуство
Локација: Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ
с. Долно Оризари бб, Велес 1400
(со назнака за Оператор),
најдоцна до 05/10/2016 година.

Активен до: 05.10.2016

Нови работни места во Лотарија на Македонија

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи ((„Службен весник на Република Македонија" бр. 62/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014; 20/2015; 33/2015; 72/2015; 129/2015 и 27/2016), Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост, Државната лотарија на Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за прием на работници на неопределено време

Државната лотарија на Македонија има потреба од вработување на работници на неопределено време, за следниве работни места:

1. „Инжинер за бази на податоци" во Секторот за информатички технологии - 1 (еден) извршител

Услови:

- Факултет од областа на техничките науки - завршен VII/1 степен или стекнати - најмалку 240 кредити според ЕКТС

- работно искуство: 2 (две) години работно искуство
- познавање на англиски или друг светски јазик
- познавање на MS office апликации и користење на интернет - неделното работно време е од понеделник до петок, 8 (осум) работни часа (од 08 и 30 часот до 1 6 и 30 часот)
- основна плата: 37. 690, 00 денари.

2. „Мрежен администратор" во Секторот за инфпрматички технологии - 1 (еден) извршител

Услови:
- Факултет од областа на техничките науки - завршен VII/1 степен или стекнати - најмалку 240 кредити според ЕКТС
- работно искуство: 3 (три) години работно искуство
- познавање на англиски или друг светски јазик
- познавање на MS office апликации и користење на интернет
- неделното работно време е од понеделник до петок, 8 (осум) работни часа (од 08 и 30 часот до 1 6 и 30 часот)
- основна плата: 37. 690, 00 денари.

Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена сметајќи го и денот на објавување на огласот.

Рокот во кој работодавачот ќе изврши избор е 7 (седум) работни дена, по истекот на рокот за пријавување на кандидатите.

Кандидатите за горенаведените работни места покрај пријавата со кратка биографија треба да достават и докази за исполнување на горенаведените услови и тоа:
- диплома или уверение за завршена стручна подготовка
- потврда за работно искуство со бараната стручна поготовка
- уверение за државјанство.

Доказите се доставуваат во оригинал или копија заверена кај нотар.

Ненавремената, неуредната и некомплетната документација нема да биде предмет на разгледување. Пријавите со потребната документација кандидатите да ги достават до Државна лотарија на Македонија, ул. Гоце Делчев бр. 8, Поштенски Фах 506, 1000 Скопје.

Активен до: 07.10.2016