Огласи за вработување во Тренд, Телеком и аеродромот „Александар Велики“

Отворено е НОВО работно место во ТЕЛЕКОМ

Служба за тарифирање, фактурирање и финансиски односи со корисници/ Сектор за кориснички и пазарни решенија и управување со услуги и инфраструктура / Област на Главен директор за техника и ИТ 

Работно место: Виши Соработниик за управување и развој на системи за поддршка на деловното работење 

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место
Услови:
- Високо образование – Технички факултети за Електротехника, Информациски технологии, Информатички науки и компјутерски инженерство, Природно математички факултет или друг технички факултет на кој се изучуваат Информатички науки
- 1-3 години соодветно работно искуство
- Добро познавање на англиски јазик

Работни задачи:
- Да ги извршува активностите за апликативно одржување и развој на системите кои се наоѓаат во билинг доменот во согласност со интерните прописи на компанијата во правец на обезбедување на соодветно функционирање и работење на системите
- Да ги одржува системските интерфејси во BSS
- Извршување на задачите од билинг циклусот согласно компаниските интерни процедури за затварање на билинг циклусот
- Да ги имплементира процесите и процедурите неопходни за ефикасно работење
- Да дијагностицира проблеми и да ги решава повиците за услуги и инциденти на второ ниво на ИТ поддршка на секојдневното работење на системите во BSS
- Да ја организира имплементацијата на новите верзии на апликациите во согласност со планот
- Да ја извршува конфигурацијата на новите продукти, тарифи и промоции во билинг системот
- Да го следи и ажурира планот за време на билинг циклусот согласно интерните процедури за затварање на билинг циклусот
- Да отвара и да ги следи инцидентите и проблемите на добавувачи (трети страни) во согласност со Договорите за услуги
- Да ја подготвува/ажурира техничката документација за нови/надградаба на постоечките модули на системите во BSS
- Да подготвува извештаи, прирачници и други документи за статусот, работењето и одржувањето на модулите во системите во BSS
- Да врши обука на клучните корисници на компанијата за нови/надградени системи во BSS

Способности и вештини:
- Солидно познавање на SQL
- Солидно познавање на еден програмски јазик
- Основно познавање на UNIX оперативен систем
- Способност за работа со MS Office апликации
- Добри вербални и комуникациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, доверливост, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност, тимска работа, широко искуство и способност за планирање и реализација на цели.

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши Соработниик за управување и развој на системи за поддршка на деловното работење

Огласот ќе биде објавен на ден 31.03.2017 година и ќе трае до 09.04.2017

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00.

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 28.101,00 денари

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

Активен до: 09.04.2017

ТРЕНД е во потрага по шанкерки и девојки за продажба на сладолед

Во моментов имаме потреба од персонал на работна позиција:

1. Девојки за продажба на сладолед
2. Шанкерки

Потребни каалификации:
Минимум завршено средно обрзование
Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност
Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

Личен профил:
Комуникативна, одговорна и лојална личност
Љубезност и педантност, со позитивен став
Самоиницијативност и посветеност на работата
Смисол за одржување на ред и хигиена
Пријатен надворешен изглед
Тимска работа и професионален однос кон клиенти

Ние нудиме:
Редовна месечна плата во висина од 16 000 денари
Пријатна работна атмосфера

Шанкерки

Потребни квалификации:
Завршено минимум ССС
Претходно работно искуство во угостителски објекти, послужување и безбедност на храна
Работно познавање на компјутери
Познавање на англиски и/или еден од светските јазици

Личен профил:
Комуникативна, одговорна и лојална личност
Љубезност и педантност, со позитивен став
Самоиницијативност и посветеност на работата
Смисол за одржување на ред и хигиена
Пријатен надворешен изглед
Тимска работа и професионален однос кон клиент

Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го достават на следната е – маил адреса: ivicadimitrieski@yahoo.com со задолжителна назнака за местото на кое аплицирате ”Девојки за продажба на сладолед / Шанкерки". Ќе бидат контактирани само апликациите кои ќе влезат во потесен круг на селекција

Активен до: 11.04.2017

Аеродромот „Александар Велики“ - Скопје објавува оглас за вработување

ТАВ Аеродроми, еден од водечките светски аеродромски оператори, управува со аеродромите Ататурк во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Милас во Бодрум, Газипаша во Аланија во Турција, Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфидха-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија и Загреб во Хрватска. Холдингот исто така дава услуги преку свои подружници во други сфери на аеродромските операции вклучувајќи бесцарински продавници, угостителство, прифат и отпрема на воздухоплови, ИТ, безбедност и оператива. Заедно со своите подружници, компанијата услужи повеќе од 102 милиони патници во 2015 година на 780.000 летови преку своите 50.000 вработени.

ТАВ Македонија, Аеродромот ‘Александар Велики’ – Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:

ТРАНСПОРТЕН РАБОТНИК – сезонска работа

ЦЕЛИ:
Одговорен за сортирање, усмерување, утовар и растовар на воздухолови во контекст на правилата за безбедност, компаниските прописи и процедури и во склад со инструкциите дадени од страна на претпоставениот.

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
Утовар/истовар на воздухолови според инструкциите дадени од Контролорот на Опслужување на Воздухоплови
Сортира багаж во сортирница за багаж
Помага во опслужување на патници со намалена способност за движење.
Поставува подметнувачи на воздухопловите.
Се грижи за чистотата на аеродромската платформа, го отстранува сметот од воздухопловите и од аеродромската платформа
Го известува Контролорот на Опслужување на Воздухоплови за сите неправилности при опслужување на воздухопловите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Спарување на товар
Способност за физичка работа
Комуникациски Вештини
Тимска Работа
Средно Училиште (III / IV степен)
Уверение за минимум завршен A2 степен на познавање на англиски јазик (согласно Common European Language Framework)

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на маил адреса: jobs3@tav.aero, со назнака “Транспортен Работник“.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Активен до: 10.04.2017