Оглас за вработување во Водовод – плата до 38.000 денари

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односипречистен текст („Сл. Весник на РМ” бр. 167/2015 год.) Директорот на ЈП Водовод и канализација- Скопје објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за прием на работници на неопределено време Се распишува јавен оглас за засновање на работен однос на неопределено време за следните работни места:

1. Кабинет на директор 1. Шеф на кабинет- 1 извршител- со завршено образование: BCCVII степен

2. Лице за координација- 1 извршител- со завршено образование: BCCVII степен

3. Лице за односи со јавноста- 1 извршител- со завршено образование: BCCVII степен

4. Технички секретар-администратор- 1 извршител- со завршено средно образование: CCCIVстепен И. Сектор „Сметководство, финасови работи, јавни набавки и комерција”

5. Самостоен референт по план и анализа- 1 извршител- со завршено образование: BCCVII степен, економски факултет

6. Контролор за стопанство- 4 извршители- со завршено средно образование: CCCIVстепен

7. Инкасатор- 1 извршител- со завршено средно образование: CCCIVстепен Ш. Сектор „Правни, кадрови и општи работи”

8. Хигиеничар- 1 извршител- со завршено образование: основно образование ГУ. Сектор „Механизација”

9. Подмачкувач- 1 извршител- со завршено образование: KBIII степен У. Сектор „Водовод”

10. Работник (ПК)- 1 извршител- со завршено образование: основно образование

Потребни документи: Пријава (Молба), Диплома за завршено образование, Кратка биографија, Уверение за државјанство

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
1. Дневно работно време од 07:30-15:30 часот.
2. Неделно работно време 40 работни часа (од понеделник до петок).

3. Основната плата изнесува:- за работно место под број 1- 38. 136, 00 денари- за работно место под број 2- 29. 964, 00 денари- за работно место под број 3- 29. 964, 00 денари- за работно место под број 4- 22. 064, 00 денари- за работно место под број 5- 26. 423, 00 денари- за работно место под број 6- 20. 158, 00 денари- за работно место под број 7- 20. 158, 00 денари- за работно место под број 8- 17. 706, 00 денари- за работно место под број 9- 18. 796, 00 денари- за работно место под број 10- 17. 706, 00 денари

Јавниот огласот трае 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето во дневниот печат. Изборот ќе се изврши во рок од 15 (петнаесет) дена од завршувањето на огласот. Ненавремена, некомплетна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување. Пријавите со потребната документација, кандидатите е потребно да ги достават до ЈП Водовод и канализацијаСкопје, на адреса ул. „Ѓуро Стругар” бр. 5, зграда на „Технометал Вардар” АД Скопје, во архива на приземје.

Телефон за контакт 02/3240396; контакт лице: Евангелија С. Стојанова;

Краен рок за пријавување: 03.11.2015