Оглас за вработување во Стопанска банка АД-Скопје

Стопанска банка АД - Скопје како највлијателна финансиска институција на мокедонскиот пазар е во постојана потреба од кандидати за работни места поврзани со грижа за клиенти во филијалите и контакт центарот. Обезбедувањето на првокласна услуга, финонсиски совети и препораки за клиентите претстовува императив за успех во нашиот бизнис. За таа цел, Банката ги повикува сите млади, комуникативни и амбициозни лица кои ги задоволуваат потребните квалификации да го прифатат нашиот предизвик, да ни испратат своја кратка биографија и да станат дел од тимот кој ќе ја гради иднината на Банката.

А) Агент во контакт центар
Агентот е одговорен за одговарање на дојдовни повици и иницирање на излезни повици за производи од банкарство на мало (кредитни картички, ibank, депозити, кредити). Извршување трансакции преку сервисот телефонско банкарство, одговарање поплаки/прашања, забелешки од клиентите, телефонска поддршка за трговците при проблеми кои им се јавуваот со ПОСтерминалите.

Б) Советник за продажба
Советникот за прадажба е одговорен за ефективна промоција и продажба на производите и успугите на банката, услужување на постојните и потенцијалните клиенти, зголемување на базата на клиенти на Банката преку задржување и привлекување на клиенти, максимизирање на профитабилноста и зголемување на продажбата на производите и услугите на банката преку вкрстена продажба обезбедување на високо ниво на задоволство на клиентите преку реализирање на поставените таргети

В) Благајник
Благајникот е одговорен за услуга на клиентите на шалтер, процесирање но готовиниски и без готовински трансакци, плаќања на кредитни обврски на клиенти, наплата на соодветни надоместоци за услугата, внесување на трансакциите во системот на записи на Банката и соодветно промовирање на производите и услугите на Банката

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

- Високо образование економски факултет, бизнис администрација или друга сродна област
- За работното место Советник за продажба работно искуство од најмалку 1 година во областа на продажба ќе се смета за предност
- Одлично познавање на:
англиски јазик,
Microsoft Office,
техники за продажба,
комуникациски вештини и
грижа за клиенти

Поседување на соодветен сертификат за горенаведените вештини ќе се смета за предност.

Лични карактеристики:
Одлични организациски и
комуникациски вештини
Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
- Ориентираност кон клиенти, развиени продажни вештини, моќ на убедување и соодветна грижа за клиентите
- Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката, зависно од организациониот дел. Во Филијалите на Банката постои можност за работа во сабота, и оабота во две смени. Во Контакт Центарот работата е организирана во три смени, со работни денови и денови на одмор определени согласно претходен распоред на работно време утврден од Банката.

Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од 15. 000 до 20. 000денари

Банкота нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме ја пополните нашата онлине апликација на веб страната но Банката http://www.stb.com.mk/karieravosb/ и Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите најдоцна до 03. 02. 2016 година, во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. Лице за контакт Златка Петреска, тел. 3295277

Банката ќе изврши избор во рок од 90 дена по истекот на рокот за пријавување. Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Краен рок за пријавување: 03.02.2016