Оглас за вработување во СЦ "Борис Трајковски"

Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје, со адреса на бул. 8ми Септември бр. 13, ОБЈАВУВА ОГЛАС за вработување.

Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување на 3 тројца работници на работно место

1 Спасител во Пливачки базен,
број на работни места - 1 (едно);

2. Хигиеничар,
број на работни места1 (едно);

3. Професор по германски јазик
број на работни места1 (едно);

Барани услови

1. Спасител во Пливачки базен:
средно образование/ Најмалку 3 година работно искуство
Лиценца за спасител на вода
Дневно работно време прва смена од 07:00h16:00h; втора смена од 16:00h24:00h;
Неделно работно време Понеделник - Недела;
Работникот ќе работи во две смени;

2. Хигиеничар
ССС или без образование/ Најмалку 1 година работно искуство
Дневно работно време прва смена од 08:00h15 :00h; втора смена од 15:00h22 :00h
Неделно работно време Понеделник - Недела;
Работникот ќе работи во две смени;

3. Професор по германски јазик
Филолошки факултет со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1
степен/ Најмалку 1 година работно искуство
Уверение за овластен судски преведувач
Дневно работно време: втора смена од 14:00h22:00h
Неделно работно време Понеделник - Петок;
Работникот ќе работи во една смена

Паричен износ на основната нето плата изнесува
- Спасител во Пливачки базен -15. 000. 00 денари;
Хигиеничар 12. 000, 00 денари;
- Професор по германски јазик 16. 000, 00ден.

Огласот трае 5 (пет) дена;
Рокот за избор трае 3 (три) дена

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со своето CV и мотивационо писмо само во архивата на Друштвото, во затворен плик, заклучно до 20. 01. 2016 година. Податоци за работодавачот:

Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје тел:+ 389 2 3089600

Лице за контакт, Даница Соколовска /email: danica. sokolovska@scboristrajkovski.gov.mk. Адреса на бул. 8ми Септември бр. 13

БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје
Управител
М-р Златко Перински

Краен рок за пријавување: 18.01.2016