Оглас за вработување во Пивара Скопје - плати над 38.000 денари

ОГЛАС ЗА РАБОТА: ПЛАНЕР ЗА ПРОИЗВОДСТВО – ПИВО

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

Што е тоа што бараат:

Висока стручна подготовка (ВСС) во областа на економијата и природните науки

Познавање на Меѓународните стандарди за управување со квалитет и безбедност на храна

Најмалку 1 година работно искуство во областа на планирање на производството на пијалоци ќе се смета за предност

Искуство во работа со SAP оперативен систем ќе се смета како предност

Одлични аналитички способности

Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим

Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок

Одлично познавање на деловен англиски јазик

Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point)

Краток опис на основните одговорности:

Подготвува краткорочни и среднорочни планови за производство на полуготов и готов производ согласно со планот за продажба и количините на суровини, материјали и амбалажа;

Ги следи залихите на недовршено производство, готов производ, полуготов производ, како и распоредување на ресурсите според потребите и капацитетите;

Изготвува план за производство на полуготов и готов производ на неделно ниво;

Реализација на планираното производство во SAP системот;

Ги отстранува операциите што го забавуваат или одлагаат производствениот план и ги менува соодветно распоредите за производството за да се остварат целите;

Го контролира процесот на точност на производство и планирање согласно поставените бизнис индикатори;

Секојдневно ги разгледува и врши проценка на количините на залихите на готов и полуготов производ, за оптимизација на капацитетите, трошоците и залихите на истите;

Ги следи реалните перформанси на процесот на планирање и подготвува неделни, месечни и годишни извештаи.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:00 до 16:00 часот.

Минималната основна бруто-плата за тоа работно место е 38.000 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 45 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации може да аплицираат тука, најдоцна до 30.09.2016.

Активен до: 30.09.2016